Нема никаков скандал, се работи за недоразбирање кое се реши, а на Биба Додева од се срце и го честитав освоеното прво место на поп вечерта на Охрид Фест – вака за „Фокус” изјави актерот Драган Спасов Дац, кој вчера се најде во центарот на вниманието, кога го прекина прогласувањето на Додева за победник на фестот, под образложение дека гласовите не се точно пребројани.

Тој настапи во дует со Александар Митевски и побара пребројување на гласовите, тврдејќи дека првото место според бодовите треба да им припадне нив.

Искрено да ви кажам, јас детално не ни го следев бодувањето. Но, имаше многу реакции од публика кога Додева беше прогласена за победничка, а ние останавме на второ место со еден поен помалку од неа. Ми се јавија и луѓе од Скопје кои го следеле гласањето и тие ми кажаа дека има проблем во бодувањето, односно дека ние сме победници. Јас излегов на сцената и побарав да видиме за што станува збор, а публиката ме поддржа, изјавил Дац.

На крај се испоставило дека гласањето било во ред, по што на Биба и го честитале првото место.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.