Многу помалку критики од пофалби добиле Мартин и Стефан од Некст тајм за преработката на патриотската „Ндешто ќе те питам, бабо“, во која се опева Тодор Александров, кој важи за контроверзна истирска личност.
Нам ни се допаѓа критика, само не сакаме навреди и пцовки. После 10 години кариера станавме имуни на тоа, велат од дуото Некст Тајм во емисијата „Ексклузив“ на 1ТВ за третиот проект за заживување на стара македонска музика наречен „Нешто ќе те питам бабо“.
Тие рекоа дека зад спотот, кој за македонски услови чинел релативно многу, видеото стоеле 70 луѓе.
Овој проект сакавме да биде на технички повисоко ниво од претходните два и затоа беа ангажирани толкав број на луѓе – рече Мартин од дуото.
Средствата ги вложиле со самофинансирање од заштедите од претходните ангажмани.
Точно е дека на промоцијата на видеото дојдоа партиски луѓе, тие се најавија, а откако се договоривме меѓусебно решивме дека секој што сака да дојде е добредојден – рече Стефан.
Мартин и Стефан додаваат дека песната била направена од срце и дека Тодор Александров не е контроверзен историски лик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.