Ѓорѓе Балашевиќ е познат како духовит кантавтор кој со своите песни и шеги умееше да ги забавува широките маси. Меѓутоа, еден малку познат детал од неговиот живот зборува за големата трагедија која можеше да го погоди неговото семејство.
Имено, неговата ќерка Беба, доживеала тешка сообраќајна несреќа во 1998 година, после која можела да остане неподвижна, ама за среќа се се завршило добро. Кога стигнала во болница, прогнозите биле обесхрабрувачки. Пациенти со таква повреда на вратниот дел на кичмата практично никогаш не закрепнуваат. Ѓоле тогаш и ветил дека ќе се истетовира ако прооди. И така било. Јелена проодела, а тој се истетовирал.
Јелена тој осми март 1999 година, заминала дома одејќи.
Не можеше да ми помогне скапа операција или лек. Од родителите добивав она што најмногу ми требаше. Неограничена количина на љубов – рекла Беба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.