Во моментите на носталгија, многумина слушаат хитови кои ги опејуваат несреќните љубови. Во секоја од песните некој може да пронајде дел од себе, делче од изгубеното време или изгубена личност.

Дел од песните настанале како директна посвета на одредени лица, инспирирани од вистински настани. Една од таквите песни е и познтата „Таа ноќ кога се мажеше“ од Прљаво казалиште, која настанала според вистински настан.

Во песната главната улога ја има член на бендот Јасенско Хоура кој имал девојка која требало да го чека да се врати од војска. По неговото враќање од војска дознал дека имаат закажано свирка за венчавка, за која се испоставило дека е на неговата девојка.

Истата приказна со малку поинаков и трагичен крај се нашла како втора верзија на песната, бидејќи според наводите девојката се убила во моментот кога го видела поранешното момче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.