Фолкерот Јордан Митев го заврши снимањето на видеото за спотот на неговата последна песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“.

Митев се одлучи да го сними спотот во родниот Радовиш во продукција на „Арт продукција“.

Во спотот за песната во која може да се пронајде секоја генерација на слушатели и уживатели на македонската народна песна, учествуваат голем број статисти, а како и секогаш, така и сега, Јордан даде акцент кон истакнување на квалитетни и интересни места од неговото поднебје. .

Промоцијата на спотот ќе биде наскоро наскоро.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.