Лијам Хаулет преку официјалниот инстаграм-профил на Продиџи ја потврди смртта на нивниот член Кит Флинт и кажа дека се работи за самоубиство.
Утрово Кит Флинт од Продиџи беше пронајден мртов во својот дом. Тој почина на 49-годишна возраст.
Лијам, кој важи за највлијателниот член на Продиџи, преку инстаграм профилот на бендот ја потврди смртта на Кит и соопшти дека се работи за самоубиство.
Вестите се точни, не можам да поверувам дека го велам ова, но нашиот брат Кит викендов си го одзеде сопствениот живот. Шокиран сум, лут, збунет и со скршено срце… Почивај во мир – напиша Лијам.
Се претпоставува дека причина за самоубиството е депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.