И минатото лето ЕГЗИТ подготви вистински „Аренамагедон“, но овогодишната програма на светски фамозната Денс Арена сепак го носи своето најјако издание досега! Веста дека Карл Кокс (Carl Cox) прв го објави своето враќање на еден од најголемите светски рејвови на отворено одекна ширум светот, а нему брзо му се придружија и сите водечки електронски ѕвезди на денешницата Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner), Амели Ленс (Amelie Lens), Масео Плекс (Maceo Plex), Џеф Милс (Jeff Mills), Шарлот де Вит (Charlotte de Witte), Борис Брејча (Boris Brejcha), Пеги Гу (Peggy Gou), Дакс Џ (Dax J), Моника Крус (Monika Kruse), Адриатик (Adriatique), Сатори (Satori), Јоханес Брехт (Johannes Brecht) и многу други. Оваа „галактичка“ екипа ќе ја комплетира никој друг, туку најпопуларниот музичар со потекло од овие простори, Младен Соломун (Solomun). Популарниот шеф на хаус сцената оваа година доаѓа во својот популарен „+1“ формат со истоимена журка со која ги освои фановите кои од целиот свет доаѓаат да го слушаат на Ибица. Специфичната „Solomun +1“ забава во познатиот клуб „Пача“ во моментов се смета за најпознатата на шпанскиот остров кој е најважна дестинација за ноќна журка, а форматот во кој Младен секоја недела повикува еден специјален гостин со него да настапува цела ноќ, се покажа како полн погодок! Духот на Ибица, со кој лежерно владее со години наназад, на ЕГЗИТ ќе го донесе со помош на не еден, туку двајца гости за оваа специјална пригода! На Петроварадинската тврдина ќе му се придружи водечкото светско дуо на денешната техно и хаус сцена Тејл оф Ас (Tale of Us), кои секогаш му гостуваат на самиот крај на „Solomun +1“ сезоната, баш како и тој во финалето на нивниот серијал на „Afterlife“ журки, поради кој многумина овој „back2back“ пар го прогласија за моментално најбараниот на светот! Ова ударно трио во сабота, на 6-ти јули ќе ја „преземе“ командата над гигантската бина дури цели шест часа, и тоа прво поединечно, а потоа и на заеднички, двочасовен настап!
Петроварадинската тврдина на наредното издание на ЕГЗИТ фестивалот од 4-ти до 7-ми јули ќе ја предводат некои од најактуелните имиња, но и живи легенди на светската музичка сцена, меѓу кои се рок титаните The Cure, како и Greta Van Fleet, Carl Cox, Skepta, Dimitri Vegas & Like Mike, DJ Snake, Desiigner, Lost Frequencies, IAMDDB, Sofi Tukker, Tom Walker, Maceo Plex, Solomun, Tale of Us, Charlotte De Witte, Boris Brejcha, Peggy Gou, Jeff Mills, Amelie Lens, Dax J, Phil Anselmo & The Illegals, Tarja Turunen, 65daysofstatic, The Selecter, Peter & The Test Tube Babies, Whitechapel, Atheist Rap, Arcturus, Total Chaos, и други големи имиња кои ќе бидат објавени во наредните недели.
Влезници за ЕГЗИТ по промо цени само до 12. април! Поради огромниот интерес за ЕГЗИТ, четиридневната (4-7. јули) влезница за фестивалот по промотивна цена од 3580 денари, што претставува висока заштеда од 55%, ќе биде во продажба уште само до петок, 12-ти април до крајот на денот. После тоа, цената на комплетот влезници за ЕГЗИТ ќе биде повисока. Цената на влезницата за првиот фестивалски ден, кога настапуваат Тhe Cure, изнесува 1800 денари за партер и 2495 денари за ФАН ПИТ, додека цената за ГОЛД ВИП дневните влезници за 4. јули е 6515 денари. Влезниците за ЕГЗИТ може да се купат на сајтот на mktickets.mk, или преку официјалната exitfest.org.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.