„Најдоброто“ е насловот на новата песна на една од најквалитетните пејачки на нашата естрада, Магдалена Ена Цветкоска. Помина година и повеќе откако Магдалена Ена го издаде последниот сингл, но специјално за овие празнични денови, односно денот на љубовта, познатата пејачка реши своите обожаватели да ги почести со една прекрасна композиција, на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму таа, а нејзиниот брат – Лазар Цветкоски е задолжен за аранжманот и продукцијата.

 

Станува збор за лесна љубовна песна која ми беше готова веќе подолго време, но решив да и ја подарам на мојата публика за денот на вљубените. Оваа песна е ѝ најава за следните песни кои ги подготвувам, а ке бидат објавени во периодот што следи – изјави накусо Цветковска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.