Миленикот на хип хоп заедницата и еден од најпознатите македонски музички артисти- Слаткаристика во видео порака ветува одлична забава на  МОЗАИК 2020. Во А1 Арена „Борис Трајковски“ ги слушаме „Да полетам“, „Дијаманти“, „Марадона“, „Тик Так“ и многу други од мозаикот на хитови на добропознатиот хип хоп артист.

Првиот „Мозаик“ фестивал се одржува под мотото „Затоа што заедно сме посилни“,  а на 28.02 во А1 Арена „Борис Трајковски“  покрај Слаткаристика ќе настапат и: Нокаут, Сам, Ферус Мустафов, Владо Јаневски и Елита 5. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.