Ѓорѓе Балашевиќ го издало срцето, а ниту респираторот, ниту сите натчовечки напори на лекарите од Клиничкиот центар Војводина, не можеле да му помогнат.
Славниот кантавтор бил релативно стабилен на интензивна нега и планот на докторите бил да го префрлат во ковид одделението за белодробни болести во Сремска Каменица. Меѓутоа на Балашавиќ состојбата нагло му се влошила и тој е интубиран на инфективната клиника, ама откако е ставен на респиратор…
Срцето отишло под 50 отчукувања во минута. Лекарите веднаш му вградиле песмејкер, со кој се регулира срцевиот ритам, ама за жал, после половина час срцето му застанало. Лекарите се обидувале час и половина да го реанимираат. Правеле електрошокови, даван му е адреналин, сите се обидувале да го спасат и плачеле како дожд, додека се бореле за неговиот живот…ама му немало спас. Рамната линија не се поместувала. Иако на сите им било јасно дека го изгубиле, не се откажувале. Додавале и додавале адреналин, ама на крајот, скршени, морале да застанат. Со часови после тоа сите плачеле – раскажал извор од болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.