Позитивна атмосфера, многу топлина и емоции и апсолутно никаква желба за музичката дружба да заврши…
Ману Чао и присутните во МКЦ на неговиот концерт во рамки на фестивалот Таксират покажаа дека негуваат взаемна почит која доведе до тоа легендарниот музичар и неговите двајца соработници, гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и долгогодишниот музички партнер, перкусионистот Филип Тебул (познат како Гарбансито), да го продолжуваат бисот одново и одново, па со несмален интензитет позитивната атмосфера и инетакцијата меѓу бината и публиката се приближи и до два ипол часа.
Толку време во салата во МКЦ владееја доброто расположение од одличната музика, веселите луѓе и среќните лица… Едноставно, атмосфера која ги понесе и триото на бината и публиката, па ни едните ни другите не покажуваа ни грам желба да го прекинат музчкото дружење.
Па, дури и кога концертот конечно заврши, голем дел од присутните продолжија да танцуваат и да пејат на заразниот и весел ритам на музиката на Ману Чао.
Со ваквиот свој настап, Ману Чао целосно ги исполни очекувањата и потврди зошто е еден од милениците и најдраги гости на скопската публика.
Се на се, за настапот на Ману Чао на Таксират слободно може да се каже дека е многу високо на скалилото на најдобри музички случувања во Македонија оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.