Дел од музичарите излегоа на улица. Незадоволни се од новите одлуки на владата со кои се дозволуваат настапи во живо на свадби, но не и во други угостителски објекти како што се кафулињата, ноќните клубови, рестораните и слично. Од здружението „Музика Сега“ реагираат дека се на работ на егзистенцијата. Ќе продолжат да протестираат се додека надлежните не ги исполнат нивните барања.
Посочуваат дека постои начин како да се реши проблемот, а една од можностите е да бидат опфатени со процесот на имунизација.
Музичарите се едни од најпогодените од пандемијата. Повеќе од 1500 музичари немаат настапи веќе 15 месеци. Лани предложија и протокол за мали настани за да почнат со работа, но и до ден денес нема одговор од надлежните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.