Иницијативата Музика-Сега бара итно да им се овозможи на музичарите да настапуваат во угостителските објекти. Бараат и ревидирање на пророколите за работа бидејки постоечките содржат многу нелогичности, како мерката за бучава од најмногу 55 децибели. Велат дека протоколите се нејасни и конфузно скроени и секој ги толкува на различен начин па затоа се јавуваат и проблеми на терен.

Музичарите бараат и поголема и поправедна застапеност на македонската музика во медиумите.

Нивните барања ке ги достават до Владата и Комисијата за заразни болести.

Настапите во живо беа забранети од средината на март до септември, а после само месец дена откако се дозволија, Владата повторно одлучида ги забрани како една од превентивните мерки за заштита од коронавирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.