За многу кратко време песната Shallow го освои светот и собра низа награди и признанија. Секако песната е врвно дело кое веднаш влегува во глава. Овој хит во изведба на Бредли Купер и Лејди Гага годинава доби награда за најдобра оригинална песна на Оскарите 2019.
Иако допира до секое срце, сепак многумина не ја знаат вистината за оваа емоотивна песна.
Имено овие стихови се напишани според вистинска животна приказна за зависност од дрога и алкохол, издигнување од дното до врвот.
Се работи за животната приказна на инди-рок музичарот Ентони Росомандо (42)кој беше зависен од дрога и преспиваше кај пријателите и ја продаваше својата музичка опрема за да преживее.
Но и покрај се тој успеа да се избори со својот порок и годинава се појави на Златни Глобуси, Греми, и на Оскарите 2019 каде доби и награда за песната Shallow од филмот „A Star Is Born“, на која се потпишува како ко-автор со Марк Ронсон, Ендрју Вајт и Лејди Гага.
Ентони откри дека откако Лејди Гага го прочитала сценариото помислила дека тој добро ќе се вклопи во целата приказна.Вели разговарал со Бредли Купер неколку пати за неговиот лик Џексон Мејн, кој исто така има проблем со зависност.
Сите имавме чувство дека ќе се поврзам со ликот. Имав сличен ментален склоп, па затоа Гага ме сметаше за вистинскиот кандидат – изјави Ентони.
Додава дека е воодушевен од успехот на песната, но сè уште е внимателен кога говори за своите зависности и ментални проблеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.