Најавата за концерт на евровизиската претставничка Тамара Тодевска Античкиот театар во Охрид не помина онака како што се очекуваше – наместо овации, Тамара доби преголемо „УА!“ на сцијалните мрежи.
Организаторот на концерот, Авалон продукција, на следбениците на Фејсбук, кои остава негативни коментари за Тамара и за нејзиниот настап во Охрид им се закани дека ќе им ги брише коментарите, но оваа забрана за изразување подоцна ја укина сопственикот на Авалон, Бобан милошевски, кој напиша дека била воведена без негово одобрение од страна на администраторите на Фејсбук профилот на продукцијата.
Преписката за настапот на Тамара е со политика конотација, но има и следбеници кои сметаат дека Тамара премногу се форсира во последно време и станува дегутантно нејзиното присуство на се и сешто.
Почитувани, најљубезно ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ да не пишувате коментари со навредлива содржина и да не употребувате говор на омраза! Во спротивно истите ќе бидат избришани. Доколку имате било какви прашања, нашите администратори ви стојат на располагање во инбокс. Поздрав и убав ден на сите, пишува во коментар на најавата, откако Авалон не го доби очекуваниот фидбек.
Ваљда парите од концертот за набавка на возила за брза помош ќе ги донира.
Зошто буткате нешто што не пали? имате наредба или некој ве плаќа?. Ќе изгубите многу, да тропам на кофи од поликолор поише публика ќе соберам отколку вие за тој ден.
Кога толку многу луѓе наместо пофалби ќе напишат негативни коментари, не помага предупредување за бришење на “говор на омраза”… туку стајте си прст на чело и запрашајте зошто толку гнев кај Македонците.
Благодарам Авалон да знам кога да не одам во Охрид. Многу важна информација.
“Ме интересира што според Авалон е говор на омраза. Особено кон некој, кој со се што се стекнал во животот, го стекнал во Македонија, а сега плука по тоа. Или се водите по премисата, исто како и дотичната ванаби хомо сапиенс, дека се и секој има цена, па нека ни се плати добро, па шта нас брига.Удри бригу на весеље. А за бришење на коментари ??? Со должна почит, класично скопски. МЕ ЗДОБОЛЕ !!! П.С. Ако северџанија има цена, Македонија НЕМА !!!”, порачува Павле Дордуловски.
“Уште Евровизискиот настап не сме го заборавиле”, пишуваат други граѓани.
Сите коментари на овој линк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.