Младиот Стефан Ефремов Кемс го објави својот прв синглн Нема спас. Кемс се јавува како автор и на музиката и на текстот, а за својата прва песна снимаше и видео запис.
Шеснаесетгодишниот Стефан има учествувано во неколку музички натпревари, а на неговиот јутуб канал постојано објавува видеа на кои пее песни од домашни и странски изведувачи.
Стефан Ефремов низ годините го бараше своето „место под сонцето“ и се чини дека го најде. Експериментираше со TikTok платформата, правеше кавери на песни на YouTube каналот. Пеењето низ годините го усовршуваше. Краток период го посетуваше нижото музичко училиште во Штип. Сега отиде скала повисоко. Напиша музика и текст за својата прва песна „Нема спас“. Мерилото за тоа дали една песна е добра е како таа звучи на радио или на слушалки. Стефан врши трансформација на својот глас, го продлабочува и го пушта својот глас. Пратечките елементи во песната се исто така негови. Пронашол едноставен, главен елемент кој влегува лесно во уши „каде и да одам нема спас, каде и да одам пуштам глас“. Дискретната употреба на грди зборови, укажува на образованост на авторот. Наместо употребува светиниколски говорни изрази, кое дава една географска одредница на животот на младиот човек во малиот град. Мотивирачкиот фактор кој го споменува во песната, повеќе не му е потребен. Младиот човек е оформен. Искажува желба за понатамошен развој, како што вели „доминација“. Сака да заработи, како што вели „профитирам“. Љубов, почит кон трудот, пријателство се важни за младиот човек во нашето општество. Тие се дел од крајот на песната, каде Стефан го споделува својот поглед. Мала доза на гнев е присутна во крајниот дел од песната, која делува прогресивно и потребно за на крај. Канализирањето на гневот на младите во нашето општество преку песна е здраво. Стефан сакаме да продолжиш како што почна, да бидеш подобар од тоа што си денес и како што велиш „доминирај“… – стои во еден од постовите на социјалните мрежи посветени на првиот сингл на Кемс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.