Емина Јаховиќ 2018 година сигурно ќе ја памети по разводот од пејачот Мустафа Сандал, но секако и по новата љубовна романса со Садетин Саран, турски милијардер. Сепак иако е исполнета на љубовен план, не планира повторно да го изговори судбоносното да.
Мене е тешко да ме освоиш. Имав малку врски во животот и со мене може да биде само маж кој ме сака и почитува – изјавила Емина и додала: Не размислувам за венчавка. Веќе нема да се мажам. Зошто, жена која се остварила како мајка и минала низ развод, повторно некому би рекла да? Поради што – прашува таа.
Сепак од една голема желба не се откажува, без оглед дали ќе се мажи или не.
Од секогаш сакав да родам ќерка и таа желба не исчезна. Можеби еден ден ќе усвојам девојче, кога ќе ги остварам моите работни амбиции. Имам доволно љубов во себе за таков чекор- заклучила пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.