Мик Џегер објави нов сингл со наслов „Eazy Sleazy“ славејќи го завршувањето на карантинот во Велика Британија. Истовремено, Џегер со песната се потсмева на негативните последици од живеењето за време на пандемијата

Џегер ја напишал песната пред неколку недели, а за нејзиното преточување во сингл се здружи со фронтменот на „Фу Фајтерс“, Дејв Грол.

Тоа е песна што ја напишав за излегувањето од карантинот, со многу потребен оптимизам. Се работи за напуштање на работите што ги спомнувам во стиховите. Тоа е транзиција кон, се надевам, знаете, пооптимистичка состојба на умот – изјави 77-годишниот Џегер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mick Jagger (@mickjagger)

По објавата на песната, се огласи и Грол кој истакна дека соработката со Џегер било „повеќе од остварување на сонот“.

Таман кога помислив дека животот не може да стане полуд. Песната несомнено ќе летен хит – изјави Грол.

Во понеделникот пабовите во Велика Британија почнаа со продажба на пијалоци на отворено, а по три месеци се отвараат и продавниците.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.