Македонската пејачка и кантавторка Мијата ја преработи песната „Бај, бај“ која групата „Буба Мара“ ја изведе на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1988 година.

Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс, а новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата.

Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух.

Ова е првпат да преработам македонска песна, а токму оваа песна за мене претставува емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација, рече Мијата.

Летово Мијата ја промовираше песната и спотот за „Полетај“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.