Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи испрати последен поздарв за Зафир Хаџиманов, кој ја загуби борбата со корона вирусот.

Споеделувајќи дел од најпознатите стихови од песните на Хаџиманов, Мицкоски порача дека луѓето како Зафир не умираат, туку живеат преку нивните песни.

Како Вардар ќе дотечам

на раце ќе те однесам

како Шара ке израсне

Љубовта наша голема

 

Почивај во мир, твоите стихови ќе останат во вечноста, со децении и векови, со генерациите кои идат. Луѓе како тебе не умираат, тие живеат преку песната.

 

Вечна ти слава! – напиша Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.