Со емотивна порака до својот колега и пријател, Никола Перевски – Пере ја одбележа шестгодишнината од смртта на познатиот македонски музичар Ацо Богдановски – Конга.
Огромна чест што те познавав, што дружев, што соработував со тебе, што направивме нешто што после 23 години сè уште трае, прераснува во нешто посериозно како идеологија, став на „Нокаут“, сè уште го одржувам бендот и вреди Ацо…А, тоа што вреди секогаш смета и е трн во око. Така ми зборуваше тогаш ама бев многу млад и не те разбирав до крај што сакаше да ми кажеш, сега веќе да…Стари, знам дека се гледаме на друго место во друго време, напиша Пере.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.