Скопскиот бенд „Fiction“ направи видеоспот за нивниот трет сингл по ред за песната „Техно“, која следува после нивните песни „После Дождот” (2017) и Некој друг (2018).

Во рок бендот членуваат: Петар Ѓуревски (вокал), Виктор Захариев (гитара), Филип Андонов (гитара) и Теодор Теодосиевски (тапани).

Музиката, текстот и аранжманот се авторско дело на членовите на бендот, додека пак аудио продукцијата е на Ангел Ќосев – студио Подрумот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.