Мартинијан Кириловски и песната „100 пати на ден“ се победници на овогодинешниот 34. по ред „Макфест“. Кириловски, кој доби најмногу гласови од публиката и жирито, како и авторите Ристо Самарџиев и Иле Спасов, за оваа награда добија 5.000 евра.
Второ место на „Макфест 2019“ доби песната „Уште ми фалиш“ на Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, кои се наградени со 3.000 евра, а „Фрајле“ со 1.000 евра беа наградени за третото место и песната „Не ѝ признавај“.
Наградата за најдобар аранжман „Драган Ѓаконовски – Шпато“ во износ од 500 евра ја доби композицијата „Кој те учи така“ на Иле Спасев, која ја изведе Лара.
Најдобар сценски настап имаше Мартија Станојковиќ за песната „Возбуда и љубов“, за кој доби 500 евра.
За најдобра вокална интерпретација и наградата „Драган Каранфиловски – Бојс“ доби признание Росана Сариќ Тодоровска. И таа и најдобриот дебитант, наградата „Душан Љубисавлевиќ – Дуле“, Славица Ангелова за „Љубовта не боли“, добија по 500 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.