Мартин Гарикс (Martin Garrix), трикратниот добитник на титулата за најдобар светски диџеј, ќе ја предводи програмата на седмиот СИ ДЕНС (Sea Dance) фестивал на кој пристигнува со аудио-визуелен спектакл каков што публиката досега можела да види само на најголемите светски фестивали како што се Тумороуленд, Коачела, ЕГЗИТ, Ултра и други.
Гарикс со својата појава ги раздвижи самите темели на музичката индустрија, а за тоа говори податокот дека на само 23-годишна возраст тој е најдобро рангираниот светски диџеј на изминатата декада, како и податокот дека зад себе има дури 60 милиони фанови, 19 престижни музички награди, како и 69 синглови кои заедно надминуваат 10 милијарди стримови! Водечките светски изведувачи како Ријана, Џастин Бибер и Дуа Липа се тркаат за соработка со него, додека славниот магазин „Форбс“ го прогласи за една од највлијателните личности во светот под 30 години.
Покрај настапот на Зимските олимписки игри 2018-та, оваа година тој е избран и за автор на официјалната химна на Европското првенство во фудбал УЕФА ЕВРО 2020! Откако Дејвид Гета го постави многу високо скалилото за спектакл на „Си Денс“, Гарикс денеска е практично единствениот во светот кој може не само до го долови, туку и дополнително да го издигне нивото, барем ако се суди по моќните продукциски нацрти кои неговиот тим ги подготви во соработка со тимот на ЕГЗИТ (EXIT). Тоа го потврдува и податокот дека во официјалната анкета на „Си Денс“, тој го освои убедливото прво место, со дури двојно повеќе гласови од второпласираниот изведувач, што досега е незабележано во историјата на сите фестивали на „Егзит“. Публиката од преку 40 земји во светот која од 28-ми до 30-ти август се собира на фантастичната будванска плажа Буљарица во Црна Гора ја очекува несомнено музичкиот настан на годината, и тоа во новата ера во која претходната година заплови „Си Денс“ фестивалот, денеска еден од најголемите музички настани на целиот Медитеран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.