Седеле така Јонче Христовски, Кочо Петровски, Виолета Томовска и други македонски музичари, на 4 февруари во далечната 1867 година, на веселба по повод првиот роденден на малата Невенка. Одеднаш, низ муабет, им светнало дека никогаш немаат направено песна за македонското девојче, односно за убавината на македонската жена, па на самата веселба се зафатиле со компонирање. Песната прераснала во најубавиот можен подарок за мајката на малата Невенка – Виолета Томовска.
Во април истата година, Виолета Томовска и Кирил Манчевски премиерно ја изведуваат песната „Македонско девојче“.
Денес, 52 години подоцна, „малата“ Невенка Росоманова – Томовска е порасната во прекрасна македонска жена и е посебно горда што токму таа е инспирација за една од најголемите и најдраги македонски песни во историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.