Македонскиот претставник на детската Евровизија „Грин Форсис” (Green Forces) од „Дајте музика“, на социјалните мрежи им се заблагодарија на сите фанови за поддршката што ја добиваат.
Во видео постирано на социјалните мрежи, децата од „Дајте музика“ му се заблагодаруваат на организаторот на Детскиот Евросонг 2021 за можноста за здружување на гласовите против четирите најгорливи теми што ја засегаат токму оваа генерација: врсничкото насилство, загадувањето, климатските промени и глобалното затоплување воопшто.
Видеото од песната веќе собра над 600.000 прегледи од објавувањето, а македонската делегација периодов интензивно се подготвува за настапот на Детскиот евросонг во Париз.
Музиката за „Грин Форсис“ ja напиша Роберт Билбилов, а текстот е на Робин Зимбаков. Видеоспотот е на „Вертиго вижуалс“, а во продукција на „Рифенштал“.
Детскиот евросонг ќе се одржи на 19 декември 2021 година во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.