Во море на песни, една тема побудува особено внимание. „Мајка“ – новата песна на Last Expedition се издвојува според исклучителен сензибилитет, каков ретко се забележува во денешно време.
„Мајка“ се роди едно утро, спонтано, од силната љубов кон место во кое живееме – вели Енко – првиот човек на овој скопски супер-состав. Песната е истовремено химна, класика и оперска арија, а всушност е рокенрол.
Свири „Експедишн“ во полн состав, а гостуваат пријателите, еден куп. Најпрвин Дино Имери, еден од нашите најдобри пијанисти, потоа тенорот Христо Арсовски, попознат како Ричи Мерцедес, познат автомеханичар, еден неверојатно талентиран самоук оперски пејач, кој подготвува таков албум, и Kaly, која оперскиот дел го има во женска верзија. Секако, тука е и голем, 20-член хор на наши другари, кои се дел од песната. Затоа „Мајка“ е дело на сите нас – „Ласт Експедишн“ и пријателите – објаснува Енис Хаџиќ.
За песната е реализирано лирикс-видео, со прекрасната фотографија на Дарко Стојановски, забележана на Преспа.
Една слика – илјада зборови – вели Енко, и напоменува дека бендот е пријатно изненаден од фантастичните реакции коментари на песната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.