Стефановски долго не можел да се симне од сцената во „Лисински“ по завршувањето на концертот во петокот навечер со загребската филхармонија поради громогласните овации какви ретко се гледаат. Македонскиот гитарист Влатко Стефановски (62) повеќе не мора да се докажува на сцената, но секогаш сака да го освежи сопствениот звук. Овој пат, во петокот (5. април) во „Лисински“ настапил со Загрепската филхармонија.

Морам да признаам тоа беше пред се идеја на Филхармонијата. Уште минатата година ми ја кажаа таа идеја. Животот околу мене е инспирација. Главно инспирацијата ја добивам наутро, додека не ме развлече денот. Го користам тој утрински мир, варам кафе и ја земам гитарата во раце. Тоа е чуден процес. По заминувањето на сопругата (пред две години, заб. на ав.) немам издадено нов албум, а кога тоа ќе се случи ќе видиме кому ќе ги посветам песните на него, изјави Стефановски за хрватските медиуми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.