Поп кралицата Мадона (61) преку социјалните мрежи соопшти дека и таа била заразена со коронавирусот, најверојатно за време на турнејата „Мадам Х“, додека настапувала во Париз, Франција во март.
Во моментот не сум болна, но неодамна се тестирав на коронавирусни антитела и наодот беше позитивен, што значи дека всушност сум била заразена… Се разболев на крајот од турнејата во Париз пред седум недели, заедно со многу други уметници со кои во тоа време соработував, напиша таа на Инстаграм.Таа не била единствената што била болна во тоа време сите сме добро и здрави. Знаењето е моќ!, напишала Мадона.
Таа донира 1,1 милион долари за медицински и научни истражувања со цел што побрзо да се пронајде лек, т.е. вакцина за вирусот Ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.