Поп дивата Мадона ја бранеше својата одлука да настапи на Изборот за песна на Евровизија, кој неделава се одржува во Тел Авив, истакнувајќи дека никогаш нема да престане да изведува музика со цел да одговара на нечија политичка програма.

Пропалестински активисти ја обвинија Мадона за „уметнички апартхејд“, инсистирајќи да го бојкотира натпреварувањето во Израел.

Никогаш нема да престанам да изведувам музика за да бидам соодветна за некоја политичка агенда, ниту пак ќе запрам да зборувам против кршењето на човековите права каде и да е во светот, изјави денеска пејачката.

Ми се крши срцето секој пат кога ќе слушнам за изгубените невини животи во овој регион и за насилството кое толку често се спроведува заради политичките цели на луѓето кои имаат корист од овој дамнешен конфликт. Се надевам и се молам дека наскоро ќе се ослободиме од овој ужасен циклус на уништување и ќе се создаде нов пат кон мирот, потенцира Мадона.

Но, настапот на Мадона на Евровизија е доведен во прашање, бидејќи пејачката се уште не го потпишала договорот, соопштија организаторите на Евросонг.

Настапот на поп кралицата беше најавен од страна на нејзините американски и британски издавачи, кои прецизираа дека таа ќе отпее песна од новиот албум Madam X, како и постарата песна „Лајк а прејер“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.