Tрип хоп бендoт HOOVERPHONIC  ќе  одржи концерт во Скопје, во рамки на својата балканска турнеја, која е исто така ќе биде во организација на Авалон Продукција, и тоа во Загреб, Белград и во Софија. Скопскиот концерт е закажан за 29-ти март во салата на Македонската филхармонија, која е најадекватна за музиката на овој бенд.

HOOVERPHONIC e белгиски бенд основан во 1995 година кој зад себе има осум студиски албуми и неколку компилациски изданија. Кон средината на ноември минатата година, бендот го објави албумот „Looking for stars“ кој содржи единаесет нумери на кои бендот експериментира со повеќе музички жанрови, но сепак останува верен на трип хопот чија основа преовладува во целиот носач на звук, а исто така наиде и на одлични критики кај музичките рецензенти.

Публиката во Скопје ќе има ексклузивна можност за прв пат во живо да ги чуе некои од најголемите хитови кои ја одбележаа кариерата на еден од најголемите трип-хоп бендови на сите времиња како што се легендарната „Mad about you“, „2 Wicky“, „Eden“, „Winegar and salt“ и уште многу други.

Организаторите соопштија дека влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (16.01).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.