Лепа Брена завршила во болница. Пејачката со денови трпела несносни главоболки, па на крајот решила да посети лекар. Веднаш и е направен скенер на главата во една приватна клиника, во која стигнала многу исплашена.
Како што се дознава, пејачката прво се јавила на својот лекар и добила терапија со аналгетици, но нивното дејство било краткотрајно и занемарливо.
Лекувањето го продолжила со помош на инфузии.
-Брена се јави во нашата клиника и побара што побрзо да и направиме скенер на главата, бидејќи имала јаки болки. И закажавме термин за наредниот ден. Дојде кај нас и се пожали дека неколку пати ја менувала терапијата, од која болките и се намалувале, но брзо после тоа и враќале.Сакаше да биде сигурна дека не е во прашање нешто сериозно, бидејќи нејзиниот лекар и кажал дека веројатно има заболување на синусите. Снимањето беше готово за 20 минути, а резултатите излегоа за еден час, бидејќи Брена бараше веднаш да добие извештај.Беше вознемирена и загрижена. На нејзина среќа, скенерот покажал дека нема место за грижа и страв, и дека се работи за силно воспаление на синусите, што бара долготрајно лекување – рекол извор од болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.