Лени Кравиц вечерва (3-ти мај), ќе го одржи својот концерт во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Тој пристигна два дена порано во Скопје и имаше можност да е запознае со нашата култура, ја разгледа Старата скопска чаршија и се фотографираше со минувачите кои крајно изненадени од неговата едноставност се фотографираа со него.

 

Дали има подобра промоција за скопскиот и македонскиот туризам со убавините на Старата скопска чаршија и Камениот мост од ова видео на Lenny Kravitz што го објави предмалку на неговата Фејсбук страница која има речиси 6 милиони следбеници?, напишаа организаторите на официјалната страница.

 

 

View this post on Instagram

 

Skopje, Macedonia. Old Bazaar. The most wonderful day meeting beautiful people. #heretolove

A post shared by Lenny Kravitz (@lennykravitz) on

Големиот музички спектакал кој е закажан за вечерва е во рамките на неговата европска турнеја по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“. Камионите и автобусите на Lenny Kravitz и екипата се на паркингот пред ВИП арената. Вратите и почетокот на концертот на LENNY KRAVITZ во Скопје е следна:

19:00 часот- официјално отворање на врати
20:00 часот- Annhastasia Enuke
21:00 часот- LENNY KRAVITZ

За да се избегнат традиционалните гужви за приодот кон ФАН ПИТ секцијата, кои што се можни само и единствено преку целиот партер, Авалон Продукција се одлучи за оние што имаат купено ФАН ПИТ влезници да ги отвори вратите половина час порано, и тие доколку сакаат, можат да влезат од 18:30 часот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.