Настапот на Лејди Гага и Бредли Купер на годинешното доделување на филмските награди „Оскар“ во февруари беше само настап и ништо повеќе, изјави пејачката за списанието „Ел“. Во разговорот кој го водела Опра Винфри, Лејди Гага изјавиле дека нивното романтично изведување на хитот „Shallow” од филмот „Ѕвездата е родена“ било исклучиво глума.
Веднаш по нивниот настап, јавноста почна да шпекулира дека ексцентричната пејачка и холивудскиот актер се во тајна врска иако двајцата во тоа време имаа партнери. Но, во меѓувреме и двајцата ги раскинаа врските – Лејди Гага ја раскина свршувачката со Кристијан Карин, а Купер со руската манекенка, Ирина Шајк.
Мислам дека медиумите малку се ‘блесави’. Направивме љубовна приказна. Како пејачка и актерка се разбира дека сакав јавноста да поверува во нашата вљубеност. На тоа работевме напорно, вежбавме со денови. Изрежиравме одлична претстава која ‘помина’ во јавност. Сите ‘паднаа’ на нашата приказна, што докажува дека Бредли и јас одлично си ја завршивме работата, заклучува добитничката на „Оскар“ за најдобра оригинална песна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.