Пејачката Лејди Гага нема да ја изведе својата номинирана песна „Hold My Hand“ од филмот „Топ ган: Маверик“ на доделувањето на Оскарите в недела, 12 март.

Пејачката беше поканета на 95. доделување на Оскарите, но мораше да ја одбие понудата поради распоредот за снимање на филмот „Joker: Folie à Deux“.

Продуцентот на Оскарите, Глен Вајс, ја објави веста за време на прес-конференција во средата, 8 март.

Имаме одличен однос со Леди Гага и нејзиниот тим, но таа е среде снимање на филм, а ние сме тука да и оддадеме почит на филмската индустрија и на она што е потребно за да се направи филм, рече Вајс.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.