Се шпекулираше дека Дарко Лазиќ веќе никогаш нема да може да се занимава со пеење, а сега неговиот колега Марко Гачиќ вели дека тоа не е вистина и дека пејачот само во моментов не е во можност да пее поради проблемите кои ги имал со градите.
Не е точно дека нема да може да пее, тоа се будалаштини. Тој и сега пее, ама многу малку, бидејќи не смее да ги форсира белите дробови. Не смее да се напрега – вели Марко, кој го посети Дарко во неговиот апартман во бањата во Младеновац, каде со недели закрепнува после сообраќајната несреќа.
Тие веќе заедно и запеале. Гачиќ открива и како изгледаат болничките денови на Дарко.
Сега е супер, само му е досадно. Секој ден има вежби за левата нога која атрофирала. Сега оди на терапија за левата нога, а за пет недели ќе почнат терапиите и за десната нога. Дарко се надева дека за неколку месеци ќе може нормално да оди. Силен е тој – додал Марко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.