Големиот хит „Не кани ме“, настанал за само една ноќ, а целата приказна за оваа песна ќе ја раскаже Миле Кузмановски во „Еден на еден“ кај Жаре, во недела од 18:30часот на „Канал 5“.
Песната ја добив на касета, само со гитара и со „нанана“. Беше готова за една ноќ, е дел од оваа приказна.
Почетните стихови на евергринот „Не кани ме“, „Те слушам мирисаш пред мене“ го инспирираа Жаре да му смисли интересна игра на фолк-пејачот. Во неа Миле Кузмановски ќе погодува пијалоци и храна по мирис, со врзани очи.
Кафаната е институција, тоа е една многу специфична работа. На времето, сум имал настапи по 365 дена во годината, цела година од кафана не сум излегол, е само една од приказните кои ги раскажа Миле.
Со неговите колеги Мирослав Илиќ и Наум Петрески, тој ќе одржи концерт на 15 февруари во спортскиот центар „Борис Трајковски“, па затоа Жаре го предизивика Миле да испее една песна од Наум, со помош на „Маестро бенд“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.