Заради ужасната трагедија која се случи во Република Бугарија и во која животот трагично го загубија наши сонародници, ве известуваме дека концертот “Freddie Mercury Tribute” кој требаше да се одржи утре (24.11.2021) во Македонската Филхармонија, се одложува за вторник (30.11.2021) во 20:00 часот, соопштија од „Баги комуникации“, кои се организатори на настанот.

Билетите ќе важат за концертот. Сите што не се во можност да присуствуваат, можат да ги вратат билетите, со праќање на маил на contact@bileti.mk или на contact@bagicommunications.com.mk.

Баги Комуникации упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите во големата трагедија. Нема зборови со кои може да се опише тагата за изгубените животи. На повредените им посакуваме брзо закрепнување а на семејствата на загинатите сила во овие тешки моменти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.