На 10-ти јуни, 2019 (понеделник), бендот АнтиарТ ќе го промовира својот прв студиски албум, во Клуб Маракана, во 21 часот. На промоцијата, бендот ќе изведе дел од песните, а дел од средствата од продажбата на албумот ќе бидат донирани во хумани цели.
Бендот АнтиарТ досега има објавено два сингла со видео спот, насловени “Завидлив поглед” и “Mirror”. Двете песни можат да се најдат на официјалниот YouTubе канал на бендот. Двете се нивни авторски дела, поточно композиција на Никола Бочваров и Леана Таќи (Леа), текст на Леа и аранжман на Никола и АнтиарТ. Бендот е составен од 5 члена: Леана Таќи – Леа (вокал), Никола Бочваров (бас гитара), Давид Матевски (гитара), Гордан Спасовски (клавијатури) и Александар Ванчовски – Џигер (тапани).
Дел од песните на албумот се снимени во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски, а за аудио едитирањето се погрижи Горан Гешовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.