Кризниот штаб на Србија донесе одлука дека нема да има повеќе ограничувања на бројот на луѓе кога станува збор за собирања на отворен простор, објави за агенцијата Танјуг членот на штабот, епидемиологот Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Таа нагласила дека на отворен простор мора да се применува превентивната мерка на физичка дистанца, односно оддалеченост од минимум еден метар.

Во склад со оваа одлука, посетителите на фестивалите се очекува да го зголемат капацитетот на најавените концертни настани, а организаторите веќе најавуваат дека ќе започнат со продажба на влезници.

Од Miller Lovefest објавија дека влезниците ќе се продаваат по регуларни цени, и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки за заштита. Организаторите повикуваат на сигурна забава на 6, 7. и 8. август со врвни светски и имиња од регионот.

Претходно се објави и новиот датум за 20-та роденденска прослава на EXIT, најголемиот фестивал во балканскиот регион и еден од водечките фестивали во светот, кој ќе се одржи од 13-ти до 16-ти август годинава.

Тимот на EXIT најавува и дека целиот настан ќе се организира во блиска соработка со Националниот кризен штаб на Република Србија, а како една од мерките ќе биде и намалување на капацитетот на фестивалот на половина од вообичаените 55.000 посетители дневно. Исто така, ќе бидат затворени и рововите во кои инаку се сместени околу 40 бини и зони. Сепак, најимпресивните места на Петроварадинска тврдина кои го прават Егзит легендарен, како што се колосалната „Денс Арена“, главната бина и култната „Ноу Слип“ бина, како и уште некои сцени, ќе блескаат и ова лето во полн сјај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.