На 7 октомври (петок), со почеток во 20.00 часот, целовечерен концерт ќе одржи скопската група „Културно уметнички работници“. Покрај нив како гости, ќе настапат и пријателските бендови „Катран“ и „Сватовски“. На концертот ќе биде презентиран материјалот од најновиот, седми по ред албум на „Работниците“, насловен „Панк кабаре“, кој е веќе снимен и е планирано да биде објавен до крајот на оваа година. Реализацијата на концертот е поддржана од Град Скопје.
Распоред на настапи:
– 20.00 – Отварање на врати
– 20.30 – 21.00 – Сватовски
– 21.10 – 21.50 – Катран
– 22.00 – 00.00 – Културно Уметнички Работници
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.