Концертот на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Античкиот театар во Охрид, манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ го прогласи за концерт на годината.
Заблагодарувајќи се на Фестивалот „Охридско лето“ за организацијата и на Тадиќ за соработката, Стефановски рече дека оваа награда ќе патува во САД и ќе стои во работниот кабинет на Мирослав Тадиќ.
Влатко во чест на наградените Столе Попов и Раде Шербеџија, пред публиката во Арената „Борис Трајковски“ ги изведе: „ Gipsy song“ и „Остала си увек иста“-заедно со Шербеџија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.