Концертната сезона во Центарот за култура во Битола годинава започна со двата концерти на Камерниот оркестар, а на 29-ти февруари, (сабота), со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи познатиот новосадски женски квартет „Фрајле“.

Четирите дами Невена, Јелена, Марија и Наташа познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како “Војводинско танго” во 11 години “музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метра во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.

На 29 Февруари Битола е на календарот. Сите оние кои барем еднаш одгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува. Овие четири вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето и тоа трае од 2009 година. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле“ се исклучителни и во обработките. Својот концерт во Битола преку социјалните медиуми го најавија со симпатични видеа во кои ја пеат “Битола, мој роден крај”, а сите оние кои сакаат да ги слушнат четирите дами, во едно шоу, на 29 Февруари можат да дојдат во Битола, велат од Центарот за култура-Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.