На 21 август, со почеток во 21 часот, во античкиот локалитет Хераклеа во Битола ќе се одржи целовечерен самостоен концерт на Битолската група „Фолтин“. Концертот е по повод 25 години од првиот настап на групата кој се случи токму во Хераклеа во 1996 година.

На концертот во Битола освен колажот од претходните девет албуми, „Фолтин“ премиерно ќе го отсвират и нивното најново издание „Симултан бакнеж.

Концертот во Хераклеа се случува после низата промотивни концерти низ Македонија и странство.

Билетите за концертот можат да се купат онлајн на karti.com.mk или во Битола во Литература.мк и во туристичката агенција Ариес.

Настанот ќе се одржи според протоколите за одржување настани на отворено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.