Таканаречената Комисија за утврдување одговорност на Македонска радио телевизија, која беше оформена по острите реакции на јавноста предизвикани од видеоспотот и интервјуто на Васил Гарванлиев, одлучи дека тој, сепак, ќе остане македонски претставник за овогодинешниот избор за песна на „Евровизија“.
RAY (ed nd ellow) ❤️💛
See you in Rotterdam!
Thank you for all the #love, #support, and #positive #energy.
Love always wins and music touches souls.
Here WE stand!
🎥- eurovison maceodnia #HereIStand #Eurovision #Love #VoiceForTheVoiceless pic.twitter.com/zw0k0ykNVz
— Vasil Garvanliev (@VGarvanliev) March 23, 2021
Во соопштрението на МРТ, меѓудругото се вели дека одлуката е донесена по добиеното известување од работната група која што работи на проектот „Евросонг 2021“, чии членови на 19 март одржале состанок. Според извештајот на работната група, делото кое потсетуваше на бугарско знаме во видеоспото е само „поинаква перцепција“, и дека по реакциите од јавноста, спотот беше повлечен и преработен.
Тоа значи дека работната група веднаш реагираше и спречи дополнително нарушување на кредибилитетот на МРТ, велат оттаму.
Во врска со интервјуто од пред една година во кое Гарванлиев гордо споделува дека има бугарско државјанство, од работната група велат дека согласно со правилата на ЕБУ – Јавниот сервис нема право да дискредитира никого по основа на верски, национални или други определби и дека има целосна слобода да одреди за претставник пејач независно од неговото државјанство.
Праксата покажала дека речиси на секој „Евросонг“ има такви случаи, се наведува во соопштението.
Комисијата обрнала посебно внимание и го цени укажувањето на шефицата на делегацијата, Мери Попова во извештајот, дека евентуалното откажување од настап на „Евросонг“ би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки.
Изборот, Васил Гарванлиев да биде претставник на „Евросонг 2021“ е резултат на континуитет во изборот за претставник на оваа престижна манифестација, минатата година за што е организирана дебата, на која учествуваа композитори, пејачи, новинари, автори…Сепак, имајќи го предвид сето ова, а особено поларизираноста во нашето општество, Комисијата предлага во иднина сериозно да се преиспита учеството на Јавниот сервис на меѓународни културни манифестации, се вели во соопштението на МРТ по скандалот во јавноста, во врска со спотот и спорното интервју на Гарванлиев за странски медиум.
Евровизискиот тим најпрво веста ја соопшти вчеравечер на „Твитер“ со зборовите: „Музиката победи! Васил во мај ќе ја изведе „Here I Stand“ во Ротердам! Им благодариме на сите што го поддржаа тимот на Васил во текот на изминатите денови во кои ситуацијата беше неизвесна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.