Задолжен сум за многу работи, и ќе ги направам. За нас, за вас, за „Тајфата“, за фамилиите и најблиските. Заради Дуле. Заради Господ. Вака во разговор за „Женски магазин“ зборува Никола Јанков – Коки. кој по цели осум години од 10 до 12 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, се враќа на „Макфест“, овој пат сам.
Музичарот додава дека сега, кога настапува без Дуле притисокот и одговорноста се поголеми, без оглед што ќе пее на свој, штипски терен.
На прашањето во кој дел од секојдневието најмногу му недостасува неговиот другар, Коки вели:
Да ви кажам, горе си е горе. Овде не е убаво, се гледаме во очи и се лажеме. Се занесуваме, а внатре, шупелки празни. Извинете, но некогаш сакам да кажам некои реченици но, трпението е на моја страна. Секој ден е инспирација и надеж и не може да помине без да помислиш и на убавите и на неубавите работи. Би сакал многу нешта и луѓе да се вратат, ама не бива. Некои луѓе веќе ги нема.. Дуле го нема, песните се тука. Тој сакаше да пее и да дели од неговата душа, преку нив.
Вчера се навршија точно шест години откако почина Душан Љубисављевиќ-Дуле, вокалот и гитарата на дуото.
Целото интервју со Коки на „Женски магазин“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.