Koala Voice, омилениот бенд на новите генерации во регионов, за испраќање на 2018-та без посебна најава го објави албумот Woo Horsie. Како што самите велат, ова издание „ноншалантно го извлекоа од задниот џеб на износените фармерки.“ Woo Horsie е „уникатен проект, герила, со важна напомена животот да не се сфаќа толку сериозно. Проект со панк став и поп призвук.“
На албумот чиј продуцент е Јуре Влаховиќ и трае нешто повеќе од половина час, се наоѓаат 11 песни.
- Early Bird
- I Used to Smell Nice.
- Dumdidada
- Touch
- Johnny +Self-respect
- Helena
- By car
- Daily Towel Motion
- Funky Cherry
- Macbeth
- Ker tu je vse tako lepo.
Словенците Koala Voice се бенд кој со својата комбинација на инди-панк, поп и диско звук повеќе од четири години ја освојуваат публиката од Ливерпул, Москва, преку Загреб, па сѐ до Скопје, Варшава и Талин. По успешниот игрив и мелодичен првенец „Kangaroo’s a Neighbour“, во 2017-та излезе студиското дело „Wolkenfabrik“ кој уште еднаш го врати во фокус заразниот ритам и моќните вокали на бендот, а кој го продуцираше Danton Supple, познат по соработките со имиња како Coldplay, Ian Brown или Morrissey. Албумот беше вклучен во листата за топ 5 регионални изданија од страна на порталот Muzika.hr , нарекувајќи ги Koala Voice бендот кој треба да се слуша и следи бидејќи набргу би можел да стане многу голем.
Со своите настапи во Македонија, од кои последните два ги одржаа на ланскиот Д Фестивал, Koala Voice веќе освоија верна публика и кај нас. И токму нивните настапи како ланскиот на фестивалот Inmusic, оној како предгрупа за легендарните Pixies во Љубљана, или на некои од најдобрите фестивали во Европа како што се EXIT и Pohoda секако потврдуваат дека бендот мора да погледнете во живо.
Во 2018-та го објавија Unplugged албумот, а годината ја завршија со третиот албум Woo Horsie.
Koala Voice се: Манца Трампус (гитара, вокал), Миха Прашникар (тапани), Тилен Прашникар (бас гитара) и Домен Дон Холц (гитара).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.