По повод јубилејот 20 години БОГ.,Младинскиот културен центар – Битола, по дваесетти пат оваа година, го организираше Меѓународниот младински арт фестивал “Битола отворен град“  .

Музички колаж кој вклучува разноликост во правци, форми и израз, вклучување уметници после чии настапи уште долго се зборува, се е карактеристика на БОГ.

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски е еден од најпрепознатливите балкански електро уметници и веројатно најпознатиот музичар од Македонија со интернационална кариера. На публиката ѝ е познат како човекот кој ги приредува најдобрите забави. Познат е по уникатната синергија која ја постигнува вклопувајќи балкански етно влијанија и македонски традиционален призвук со модерна електронска музика.

Џајковски настапи на 10 годишнината на Битола отворен град и за овој јубилеј повторно. Истовремено е познат и како извонреден автор на филмска и театарска музика.Можеби една од најпознатите соработки е онаа со режисерот Манчевски, имено по филмовите „Прашина“ и „Сенки“, најновата соработка беше за филмот „Врба“.

По цели 20 години, тој во 2019 го реиздаде неговиот легендарен албум „Хоумбаунд“ (Homebound). Веќе одамна ги надмина границите на регионот и како еден од изведувачите од овие простори со убедливо најуспешна интернационална кариера, веќе ја претстави својата музика на главните бини низ најголемите музички фестивали во Европа.

Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град е традиционален уметнички фестивал кој дваесет години ја слави алтернативната уметност и урбаната култура, стимулира културен активизам, ја инспирира публиката да биде свесна и отворена за нови прогресивни идеи и придонесува за развој на културниот туризам во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.