Едни од најскапоцените украси на круната на македонската естрада се веројатно токму тие: филигранскиот раскош што преку своите гласни жици ни го дарува Наум Петрески и бисерната лелеава прецизност што е составен дел од песните на Зуица Лазова.
Кога Бог ја делел дарбата за пој, изгледа пред нив му се истурила вреќата. Деновиве до нас стаса информација за кавга во нивниот дом , имено копјата се кршеле на тема која балада е поубава: „Без тебе“ на Наум или „Дојди“ на Зуица.
Авторскиот тим „виновен“ за создавање на овие две балади е истиот: Соња Дојчиновска одговорна за текстот и музика и Златко Миладиноски за аранжманот.
Можеби тоа дополнително влијае на изедначеноста во оваа „мртва трка“. Неодлучноста на оваа тема продолжи и во нашата редакција, затоа одлучивме да ви ги понудиме и вам, како дневно музичко мени, со надеж дека ќе излеземе од магичниот круг на изедначеност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.