Кавалџијата Ангеле Димовски, еден од најпознатите во традицијата на македонската музика, е годишен добитник на „Златна Бубамара на популарноста“ за животно дело што ја доделува академијата на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, која синоќа се одржа во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Димовски настапувал во повеќе европски земји, но и во Австралија, Канада и во Јапонија. Познат е по своите изведби на народна музика, а со својот кавал имаше голем придонес и кон статусот на албумот „Свјат Dreams“ на групата „Мизар“, како едно од класичните дела во историјата на современата македонска музика.
Традицијата во семејството Димовски продолжува и денес, преку семејниот оркестар „Шарен кавал“, во кој учествуваат сопругата, ќерката и двата сина, кои настапуваат и во групата „Синтезис“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.